Мицкоски: Жално е што во 21 век во ЕП на талибански начин се оспоруваат македонскиот идентитет и јазик

Премиерот Христијан Мицкоски жали што во 21 век на талибански начин од Извештајот за напредокот на земјава во ЕП се сака да се извадат македонскиот идентитет и јазик, кои како што нагласи, првпат се споменуваат во изминатите 35 години, но вели, добро е што граѓаните конечно можат да ги видат резултатите од политиките на претходната влада.
- Авантурата од 2022 година пред се инспирирана од Бујар Османи, а поддржана од политички незнајковци како што се Ковачевски и Маричиќ ете ја добива својата кулминација и граѓаните можат да видат за што станува збор, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на санираниот мост во Башино Село, Велес.
Додаде дека амандманот за бришење на македонски јазик и македонски идентитет нема да го поддржат голем број пратеници од ЕП, исто како и известувачите во сенка.
-Голем број пратеници кои се членови на Европскиот парламент се јавуваат и кажуваат дека нема да гласаат за тој амандман, кој ќе го поднесе некој, којшто има за цел на талибански начин да се избрише од Извештајот што е на маса и за првпат од осмостојувањето на нашата земја опфаќа македонски идентитет и македонски јазик, кои досега никогаш во изманинатите 35 години не се појавиле во некој извештај. Исто така, и оние кои се известувачи во сенка не верувам дека ќе го поддржат тој амандман, рече Мицкоски во одговор на прашање за очекувањата од утрешното гласање по Извештајот.
Тој изрази жалење што во 21 век во Европа има такви европратеници кои го оспоруваат идентитетот на еден малуброен народ во Европа и неговиот мајчин јазик и прават да стане предмет и камен на сопнување во Европскиот парламент, кој треба да биде лулка на демократијата во која се почитуваат човековите права.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Ќе работиме со МВР и општините да се зголеми опфатот на камерите од „Безбеден град“
-

Како „Везилка“ ќе ја ткае паметната иднина? | Димитар Трајанов и Пешевски | Sitel Podcast 129
-

Филипче: Вечерва ќе побарам да се повлечат сите членови на ИО, новите членови ќе бидат избрани за две недели
-

Уставната судијка Дабовиќ поднесе оставка
-

Уапсен е сопственикот на кравите во Крива Паланка | ВИДЕО
-

Путин: Русија не сака војна, но ако Европа ја сака - подготвени сме
-

Одбраната ги оспорува обвиненијата за пожарот во „Пулс“, судењето продолжува на 4 декември
-

Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел
