Мицкоски: Заканите на Османи се кукавички
Не прифаќаме асимилација не прифаќаме бришење на македонската историја, не прифаќаме бугаризирање на Гоце Делчев, на Дамјан Груев, на Јане Сандански, на Ѓорче Петров и на сите останати кои што со живот го платија тоа што денеска ние го живееме, а тоа е независна и суверена македонска држава, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за вестите на Сител пред денешниот протест „Ултиматум – Не благодарам“.
Мицкоски на политичарите кои се закануваат им порача дека не се плаши нити македонскиот народ, нити граѓаните се плашат од тие што се закануваат и дека само кукавица се заканува, а тој кој не е кукавица доаѓа тука пред народот и пред народот објаснува што е и како е.
- Така да тие кукавици кои се закануваат со меѓуетнички тензии сакам да им кажам дека овој народ одамна ги надрасна криминалците во политиката, и овој народ се бори за својот идентитет и овој народ е подготвен да се избори за својот идентитет, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека власта за вековното предавство кое денес сака да го направат е поголемо од Коте од Руља нема да се заборави и ќе се помни, додека за консултации со министерот Османи кој денеска изјави дека ако не го прифатиме предлогот ќе има меѓуетнички тензии, Мицкоски порача дека со такви политичари кои се закануваат со меѓуетнички тензии во земја членка на НАТО нема намера ни да се поздрави, а камо ли да разговара.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Фицо ги исмева барањата на Киев за дополнителни средства
-

Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата
-

Лукровски: Карпош, ова беше наше лето, над 20 000 посетители на програмските содржини
-

Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина
-

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани
-

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација
-

„Ги броевме нејзините грамови како најголемо богатство“ - по 82 дена во болница, малата Бисера си оди дома
-

Важно за концертот на Дејвид Гета во Скопје: Билетите се заменуваат со нараквици, еве кога и каде
