Мицкоски за власта: Да можат и воздухот ќе му го наплаќаат на народот

На вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски истакна дека инфлацијата расте, цените на производите се покачуваат драстично, тоа ги јаде семејните буџети на граѓаните, а да можат би им го наплаќале и воздухот на граѓаните.
-Реалноста е лоша, стандардот драстично опаѓа, а гувернерката на НБРМ потврдува дека инфлација има и дека ќе се зголемува. Но тоа најдобро се чувствува кога ќе отидете во продавница, повисоки цени кои го јадат семејниот буџет, половина милион луѓе живеат со 150 денари на ден, покачени цени на масло за јадење, млеко, брашно, a оваа недела повторно, кој знае по кој пат се покачи и цената на бензинот. Се најавува сигурно покачување на цената на струјата, она што постојано го говорам, најпрвин за стопанството, а потоа и за граѓаните, порача Мицкоски на митингот во Петровец.
Тој истакна дека 52 месеци се власт и имаат потрошено 16 милијарди евра народни пари,16 милијарди евра, а нема некој нов автопат кој самите го изградија, а ветија 500 километри. Ветија раст на економијата од 5% годишно,а просекот во овие 52 месеци е четири пати помал и изнесува 1,25%.
-За овие 52 месеци секое семејство го задолжија за 4.500 евра. Секое семејство во Македонија изминативе 52 месеци плати 4.500 евра за да може да трае политичката кариера на Зоран Заев. Ете толку сите нас не задолжи Заев за да може да крадат и уживаат во привилегиите, критикуваше Мицкоски од Петровец.
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
