Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени
Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со утрешната посета на Скопје на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, истакна дека ќе бидат пренесени нашите ставови во врска со уставните измени.
-Нашите ставови се јасни во врска со уставните измени и тука нема промена, затоа што другата страна ние не гледаме барем во овој момент било каков сигнал дека има промена во однесувањето, односно од страна на нашиот источнн сосед. Јас жалам што е тоа така и се надевам во периодот којшто следи повеќе ќе зборуваме за решенија отколку за проблеми, истакна Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање какви се очекувањата од посетата и какви пораки ќе бидат пренесени.
Мицкоски кажа и дека на покана на Кошта ќе го придружува на неговиот лет од Скопје до Тирана, каде што претседателот на Советот на ЕУ ќе приреди вечера за лидерите на Западен Балкан, додека в петок ќе имаат состанок на Евроспката политичка заедница во Тирана.
Полскиот амбасадор во земјава Мариуш Бримора, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, во интервју за МИА во петокот, рече дека посетата на претседателот на Советот на Европската Унија Антонио Кошта на Скопје следната недела, е уште еден силен сигнал на приоритетите на ЕУ и оти фактот што го посетува Западен Балкан, тоа што доаѓа во Скопје, е доказ дека се подготвени за проширување.
-Од моја перспектива, исто така можам да споменам дека нашиот премиер Доналд Туск, ќе го посети Скопје во следните неколку месеци и ова ќе биде уште еден сигнал дека ние се грижиме за Северна Македонија, дека ја поддржуваме државата, дека Претседателството, Советот на ЕУ го поддржуваат процесот на отворањето преговори и тоа е силен знак дека ќе чекаме одговор од македонска страна, нагласи амбасадорот, рече Бримора за МИА.
Посетата на Кошта на Скопје е дел од неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, во чии рамки претходно ги посети Белград и Сараево.
Целта на посетата на Кошта на регионот е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.
- Зајакнувањето на соработката со Западен Балкан е врвен политички приоритет за ЕУ и за мене лично, порача Кошта во пресрет на неговата западнобалканска турнеја.
Тој нагласи дека заминува во посета на регионот за да разговара со лидерите на земјите од Западниот Балкан, кои „се соочуваат со постојани предизвици“ и за да покаже дека ЕУ е подготвена да им помогне.
Ново на Сител
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-
Работник загина на градилиште во Охрид
-
Пиштол пронајден на Јабланица на граничната линија со Албанија