Мицкоски: За случајот со Клиниката за онкологија треба да има кривична и политичка одговорност
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека покрај кривична треба да има и политичка одговорност за случајот со Клиниката за онкологија.
- За месеци од денеска, сите овие луѓе што се дел од оваа здравствена мафија, којашто профитирала на грбот на пациентите кои го губеле својот живот, ќе бидат изведени пред лицето на правдата и нормално соодветно на доказите ќе бидат санкционирани, рече денеска Мицкоски пред медиумите во Прилеп.
Според него, треба да се бара и политичка одговорност за сите оние кои знаеле за ваквите состојби, а ништо не презеле во изминатиот период.
- Ако некој пред две години предупредувал, вие медиумите пред 6 месеци, зошто на некој му треба шест месеци да чека за да отпочне предистрага? Прашањето е колку човечки животи во меѓувреме се загубени, рече Мицкоски.
Ново на Сител
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, пратеник на Левица
-

Гостивар чека безбедна вода за пиење
-

Повторно се разгоре пожарот кај Кавадарци
-

Нов сомнителен случај западнонилска треска на Инфективна - на клиниката се хоспитализирани 17 пациенти
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
