Мицкоски за штетите од невремето: Имаме механизми за помош, никогаш не сме ги оставиле граѓаните да се снаоѓаат сами

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека штетите од синоќешното невреме ќе бидат утврдени и согласно законските процедури и досегашната практика ќе бидат надоместени од надлежните институции.
Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски денеска посочи дека Владата има механизми за помош како и при секоја елементарна непогода.
- Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. Им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на ноќта, веднаш по невремето што го зафати Скопје беа на терен и заедно со надлежните институции ги санираа штетите. И денес ќе продолжат со активности, бидејќи станува збор за епско невреме. Подготвеноста и мотивацијата од нивна страна беа на високо ниво. Штетите ќе бидат констатирани и, согласно законските процедури и досегашната практика, ќе биде од надлежните институции рефундирано - изјави Мицкоски, по пуштањето во употреба на реконструираното Одделение за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” - Скопје.
Според информаците на Министерството за внатрешни работи, невремето што ја зафати државава вчера попладне предизвика најголеми последици на подрачјето на СВР Скопје, каде синоќа до 22:00 часот биле евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица.
Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на ОЈО ГОКК, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство, а на ГП Меѓународен аеродром Скопје, поради протекување на кровот имало прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина.
Во Скопски регион по 17 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 биле примени над 9.000 повици од граѓани, при што најголемиот дел се однесувале на последиците од невремето.
Во Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” помош по вчерашното невреме побарале 22 пациенти, од кои двајца се на болничко лекување, а во Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) 11 лица од кои тројца се со посериозни скршеници.
МИА
Ново на Сител
-

Мбапе им се обрати на Французите по СП 2026 година: Се вративме дома без трофеј, и ќе биде вака уште некое време
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
-

Црна Гора воведува два дена платено менструално отсуство месечно
-

Мицкоски: Лоша вест за опозицијата, а среќна за граѓаните е дека нема да банкротираме и покрај тоа што ни оставија уништена држава
-

Два умерени земјотреса регистрирани во северозападна Кина
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
