Мицкоски за обвинувањата на Филипче за притисоци: Одговорно тврдам дека ова се најдемократски и најфер организирани избори

Одговорно тврдам дека ова се најтранспарентни и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање да даде коментар на обвинувањата на лидерот на СДСМ Венко Филипче за поткуп, како и тоа дека власта вршела притисоци врз нивни кандидати за градоначалници.
-Станува збор за најтранспарентни, најдемократски и најфер организирани избори во поновата историја на демократска Македонија. Тоа што одделни политичари имаат проблем со Фројд па совеста работи, и мислат дека тоа што тие би го правеле и го проектираат на политичкиот противник е така, мислам дека тој начин на однесување не е добар и мислам дека тоа не носи поени, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски истакна дека и граѓаните се сведоци дека такво нешто не само што не постои туку, како што рече, тоа е надвор од неговата лична филозофија и ако имаат индиции да пријават да се провери.
-Доколку имаат било каков индикатор дека тоа се случува, мојот телефон го знаат слободно нека ми се јават да пријават да провериме дали е тоа така, но јас одговорно тврдам дека не само што нема, туку ќе пвоторам - овие локални избори се избори во кои македонските граѓани, но и Владата покажаа одредено ниво на зрелост и поминаа во најмирна и најдемократска атмосфера и јас очекувам така да помине и гласањето и во недела после вториот круг, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција обвини дека нивните кандидати за градоначалници се соочиле со притисоци, заплашувања и злоупотреба на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. - И за време на периодот во првиот круг и во изминатите две недели сведоци сме на континуирани притисоци и врз нашите кандидати, членовите на тимовите, од страна на полицијата, единиците за брзо распоредување, од службите за социјална работа, од единиците на Управата за јавни приходи и тоа го детектиравме во буквално сите општини посебно засилено во 17 општини во очи на вториоит круг. Јасно е дека е карактеристика на ВМРО-ДПМЕ секогаш кога се на власт да го злоупотребуваат државниот апарат и да се обидуваат и да спроведуваат поткуп кај граѓаните, рече Филипче.
МИА
Ново на Сител
-

Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-

Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-

Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-

На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-

Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
