Мицкоски за католичкиот Божиќ: Сплотени да создадеме иднина и земја на среќни граѓани
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод големиот христијански празник Божиќ до сите верници од христијанска вероисповед кои се раководат според грегоријанскиот календар.
-Нека најсветлиот празник Божиќ ви донесе мир и спокој и ги исполни вашите домови со радост. На овој ден кој означува раѓање на надеж за подобра иднина да ги споделуваме христијански вредности како почитта и хуманоста и заедно да си помагаме. Токму надежта за подобро утре е тоа што не води отсекогаш и затоа е важно да бидеме сплотени и заедно да работиме за да ја создадеме подобар живот и иднина за нас и за нашите деца, напиша Мицкоски во честитката.
Тоа, како што посочува Мицкоски, е многу важно затоа што живееме во едно тешко време со сиромаштија и безнадежност.
-Затоа во духот на денешниот ден треба да работиме тоа да го промениме. Сите обединети и заеднички да работиме да се смени секојдневието на подобро. Само сплотени, со почит и разбирање можеме да создадеме дела кои ќе ги остават позади нас несигурноста и безнадежноста, а ќе донесат успех, подобар живот и иднина во која веруваме. Македонија мора да стане земја на среќни граѓани, посочува Мицкоски во честитката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања