Мицкоски за изнудата во РЕК: МВР ги бара свиркачите, нека се завртат во раководството на СДСМ тие се од таму
На прашањето за тоа дали Обвинителството постапува по објавената изнуда во РЕК Битола, освен со претресите и приведувањата на полициските службеници кои биле веројатно детектирани како „свиркачи“ во оваа афера, која беше објавена од ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во Тема на денот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека министерството не треба да ги бара кај нив „свиркачите“, туку во раководство на Заев и Спасовски.
- Во хибридниот режим на Зоран Заев работите одат наопаку, наместо да се бараат тие кои ја правеле изнудата и коишто проневериле огромни суми на пари на компанијата а со тоа во блиска иднина ќе го оптоварат и буџетот на граѓаните сигурно преку повисоки сметки за електрична енергија кај нас министерството ги бара „свиркачите“ односно тие што се сомневаат они дека ги доставиле овие информации до опозицијата и до мене. Еве не треба да се грижат и да бараат таму каде што тие „свиркачи“ не постојат туку нека се завртат Спасовски и Заев до своето најблиско раководство „свиркачите“ се од таму. Не ме прашувајте за имиња кои се и како се бидејќи дадов збор дека нема да излегуваме се уште во јавноста со имињата на тие луѓе, изјави Мицкоски.
Мицкоски додаде дека ќе почекаат уште некое време па ќе ги објават сите афери со кои располага ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени