Македонија
7. May 2024 - 19:12

Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево

Денеска (07.05.2024) во 15.10 часот на телефонскиот број 192 добиена е анонимна пријава дека на ул.Раштански пат , ул.Партизански одреди и Влашки пат во Кичево од страна на непознати лица со возила "мерцедес", "опел мерива" и "ауди" се нуди поткуп од политичка партија, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат оттаму.