Мицкоски за Euronews: Граѓаните живеат тешко, но се враќа надежта, успеавме да бидеме први во Европа по странски инвестиции и ја намаливме инфлацијата
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Еуроњуз се осврна на економската состојба во Македонија и животниот стандард на македонските граѓани. Според него, како што информираат од владината прес-служба, македонските граѓани живеат тешко, како и останатите жители на регионот, но она што е разлика е дека се враќа надежта.
-Граѓаните живеат тешко, како и сите во регионот, но она што е разлика од пред една година е тоа што се враќа конечно надежта дека можело да не биде, рече премиерот Мицкоски.
Параметрите кои се постигнати оваа година, , како што посочува Мицскоски, се многу јасни.
-Во 2024 година милијарда двесте педесет и пет милиони евра странски директни инвестиции. Македонија е земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа. Инфлација март месец 2,7% на годишно ниво, на месечно ниво 1,3%, значи дефлација. Дури и потрошувачката кошничка којашто ја пресметува синдикатот има намалување на цените во споредба со претходната година. Април месец 2,6%, а на месечно ниво 0,6%. Платите пак растат од 9 до 10% на годишно ниво. За економијата и БДП Светска банка ни предвидуваше 1,8%, а ние во 2024 година имавме 2,8%, поради силниот раст над 3% во третиот и четвртиот квартал во 2024 година. Во првиот квартал од 2025 очекувам до 4%, а може и над 4%. Тоа се бројки, а јас сум математичар и сакам да зборувам за бројки, а бројките се рефлектираат на пракса, истакна Мицкоски во интервјуто за Еуроњуз.
Ново на Сител
-
Автомобил се запали кај „Кјуби“ | ФОТО
-
Зеленски: Русија купува време за да ја продолжи војната
-
53-годишна жена вработена во средно училиште во Центар нападната од четворица ученици
-
Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години
-
Приведени тројца битолчани, при претрес во дом пронајдена е дрога
-
Косово забрани увоз на пилешко месо од Бразил поради птичји грип
-
66-годишен маж пронајден починат во својот дом во Центар
-
Ограбена црква во подрачјето на Центар во Скопје