Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе ги објави досега утврдените кандидати за градоначалници
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук напиша дека Централниот комитет денес ги потврдил кандидатите за градоначалници и тие ќе бидат објавени утре.
„Денес заседаваше Централниот комитет и ги потврди одлуките за кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ на престојните локални избори. И во текот на утрешниот ден ќе бидат објавени досега утврдените кандидати.
ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со многу нови ликови, со нова енергија, нова визија за развој, решавање на што повеќе проблеми. Најдоброто допрва доаѓа. И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца.
ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика!“, напиша Мицкоски.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Дрисла
-
Голем пожар во Дрисла
-
Тема на денот со Радмила Шеќеринска, заменик генерална секретарка на НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратеници утре на надзор во АНБ
-
ЈО со обвинение против Хајрулахи и Цветановски
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички