Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не ги организираше протестите на Заедничка Македонија

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето сведочење на судењето зa наводните организатори на 27 април", рече дека партијата не стоела зад организација на протестите кои завршија со упад во Собранието.
-Учествував и ги поддржував протестите, но тие не беа организирани од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.
Вели дека ако партијата го правела тоа, бројот на присутни ќе бил многу поголем. Според Мицкоски, протестите биле самоорганизиран револт на граѓаните од актуелните политички случувања.
Тој во својот исказ рече дека обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески не биле членови на извршниот комитет на партијата и додаде дека тие не организарале превоз за луѓе од внатрешноста да доаѓаат на протестите.
На денешното судење ќе сведочат и Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска, Лука Кржаловски.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
