Мицкоски: Власта наместо да им го олесни животот на граѓаните, таа им прави дополнителни отежнувања
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар за новите цени на горивата рече дека тој уште претходно говорел дека се подготвува зголемување на цената на дериватите, укажувајќи дека наместо да има олеснување за граѓаните и стопанството, владата прави дополнителни отежнувања.
Па ние тоа го зборувавме, јас лично тоа го зборував дека се подготвува зголемување на цената на дериватите за 3,5 денари или т.н зелен данок, уште данок на крв да ни воведат и ќе бидат комплетни да не вратат неколку десетлетија наназад. Шегата на страна, народот навистина тешко живее, а она што е уште пострашно за мене е што напротив наместо да имаме олеснување за граѓаните и поддршка на граѓаните и стопанството, ние имаме дополнително отежнување и дополнителен арач кој што го вметнува оваа Влада, за да ги покрие своите непродуктивни трошења, бидејќи не знаат да соберат повеќе пари во буџетот, а за тоа треба развиена економија каква што нашата не е, тогаш единственото нешто што им останува е удри по народот и удри по бизнисот, а тоа што ќе го собереме ќе го трошиме за нашите луксузирања и би рекол непродуктивни трошења на криминал и пљачка кои што се случуваат изминатите четири години. Така што, тоа го најавивме и тоа се случува, покачена цена на електрична енергија, покачена цена на акциза, поради лошите и погрешни и криминални политики на оваа Влада предводена од Зоран Заев и СДСМ, вели Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
