Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија
-Сакам да ги споменам пензионерите кој што ги гледаме со месеци буквално измрзнати, гладни чекорат по плоштадите и улиците барајќи правична распределба на средствата од буџетот, барајќи линеарно зголемување на пензиите кои што тие во оние средби кои што јас ги имав со нив изминативе два месеци го поставија тој праг на околу 5.000 денари, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ која е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Претседателот Мицкоски во текот на своето обраќање најави дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од една година ќе ги зголеми линеарно пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија.
-Преку една дебата која што ја водиме во рамките на партијата во изминатиот период и преку оние информации кои што ги имаме за моменталната состојба на буџетот, но и за очекувањата за обврските во периодот што следи можам да кажам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од една година линеарно ќе ги зголеми пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија. И ова е ветување кое што сакам да го дадам од оваа говорница, од оваа трибина дека во рок од една година од изборот на влада на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите ќе ги добијат линеарно тие 5.000 денари зголемување на пензиите, потенцираше Мицкоски.
На крај Мицкоски порача дека пензионерите го заслужуваат ова.
-Тие тоа го заслужуваат затоа што наместо тие сега да ги чуваат внуците или да уживаат во своите пензионерски, заслужени денови, ги гледаме како премрзнати, гладни протестираат на плоштадите и низ улиците, додаде Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Изгоре куќата на Александар Пандов – директорот на управата за извршување санкции смета дека е подметнат
-
Протест во Скопје на родителите на загинатите во дискотека во Кочани
-
Кочани повод за нова интерпелација за Тошковски за 100 дена
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Во странство остануваат 28 повредени во трагедијата во Кочани - Турција ќе прими до 15 за долготрајна рехабилитација
-
На Македонија и се заканува епидемија од морбили - опфатот лани помал од 2023
-
Ако цените од четврток скокнат - ќе има нови мерки!
-
Државна ревизија открива слабости во договорените јавно-приватни партнерства