Мицкоски: Веднаш лидерска средба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конфернција соопшти дека веднаш е потребна лидерска средба за да се разговара за актуелната политичка, здравствена, образовна, економска ситуација во земјава.
-Уште еднаш ја реактуелизирам потребата веднаш од лидерска средба. Лидерска средба на која ќе разговараме за актуелната политичка, здравствена, образовна, економска ситуација во нашата Македонија. Веднаш лидерска средба за да можеме понатаму заеднички да ја градиме нашата Македонија, рече Мицкоски.
Мицкоски се осврна на се она што направила Владата во изминатите 100 дена. Според него, се работи за 100 дена загубена иднина, загубена економија, загубени животи и достоинство, атакуван идентитет, загубена правда, криминал, загубени штедни влогови, илјадници загубени работни места, загуби за земјоделците, бизнисот, загубени инвестиции…
– 100 дена Влада на постојани загуби, потенцира Мицкоски. Дополни дека „за 100 дена граѓаните добија вето на патот кон ЕУ, влеговме во економска рецесија, пропадна банка, втор Тат, афера тешка 200 милиони евра, поскапе електричната енергија, се загубија 1.400 животи поради отсуство на стратегија и акутна неспособност на здравството, неспособност да се менаџира со здравството’.
Ново на Сител
-

Одложено рочиштето против Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-

Врнежите ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
-

651 прекршок вчера преку „Безбеден град“, забрани за возење добија 58 возачи
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
-

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026
-

Јапонија додели два гранта за здравството и противпожарната заштита во земјава
-

Мицотакис: Не ни треба посредник во разговорите со Турција
-

Руте греши во врска со европската одбрана, сметаат аналитичарите Девеса и Алесандри
