Мицкоски: Ваучерите од 1000 денари за надминување на енергетската криза се купи ден продај политика на власта
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната изјава во општина Бутел одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на владата за доделување на 45 илјади ваучери по 1000 денари за надминување на енергетската криза изјави дека тоа е уште една од оние политики купи ден продај а СДСМ и власта немаат ниту стратегија ниту знаење за справување со енергетската криза во државата.
„Тоа е уште една од оние политики купи ден продај на оваа влада, не очекувам ништо спектакуларно да понудат бидејќи реков немаат ниту стратегија, ниту пак знаење за било што, сиромаштијата која што е се поприсутна во Македонија може да се надмине само доколку се работи, доколку има реформи, доколку се работи чесно транспарентно и доколку се работи за интересите на граѓаните а не за интересите за неколку фамилии кои што се дел од владејачката структура на СДСМ и власта“ истакна Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси