Мицкоски: Утре започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови
Во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. На состанокот се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Мицкоски уште вчера на прес-конференција во Владата најави дека ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.
- Почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден сум дека ќе најдеме стотици, десетици... Милиметар да недостасува ќе бидат затворени, тука нема да има милост кон никого, рече Мицкоски.
Истакна дека објектот каде што се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.
Ново на Сител
-
Претреси во зградата на Општина Кочани, се одзема документација поврзана со „Пулс“
-
Таравари: Сите пациенти хоспитализирани во Солун се во стабилна состојба
-
Фијала: Бесмислено е да се гради архитектурата на безбедноста во Европа која би се потпирала на довербата во Русија
-
Муцунски од Солун ѝ се заблагодари на Грција за помошта и посочи дека солидарноста не треба да се заборави
-
Андовски: Состојбата на повредените е релативно стабилна, во земјава се лекуваат 89, а 76 се транспортирани во странство
-
Хоспитализирани нови 20 случаи меѓу кои и три пожарникари
-
Елези: Има доволно крв од сите крвни групи низ болниците и клиниките
-
Се повеќе граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените во пожарот во Кочани