Мицкоски: Утре започнува теренска контрола на сите субјекти регистрирани како кабаре, дискотеки или ноќни клубови

Во текот на утрешниот ден започнува теренска контрола на сите субјекти по што ќе се излезе со детални информации, најави вечерва премиерот Христијан Мицкоски по координативниот состанок со директорот на Државен пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. На состанокот се разговарало за досегашните постапки кои се преземани од надлежните институции и опсежната анализа за сите субјекти регистрирани како кабаре или дискотеки, ноќни клубови итн, соопшти владината прес-служба.
Премиерот Мицкоски уште вчера на прес-конференција во Владата најави дека ќе почне робусна акција на проверка на сите документи во угостителските објекти, по страотниот пожар во дискотека во Кочани, во кој досега загинаа 59 лица, а 155 се повредени.
- Почнува робусна акција во насока на проверка на сите документи, сите лиценци, сите дозволи за градба, сите дозволи за употреба, дозволи за работа, и убеден сум дека ќе најдеме стотици, десетици... Милиметар да недостасува ќе бидат затворени, тука нема да има милост кон никого, рече Мицкоски.
Истакна дека објектот каде што се случи пожарот имал фалсификувана лиценца за работа од датум 13 март 2024 година, потпишана од тогашната државна секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ.
Ново на Сител
-

Реализирани над 65 проценти од проектот за реконструкција и проширување на охридскиот аеродром
-

ЈПДП потсетува дека од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови
-

Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
-

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис
-

Папата пред повеќе од милион луѓе на миса во Мадрид ги повика младите да пронајдат вера
-

Зверев го израмни рекордот на Ферер за најмногу победи на Ролан Гарос од страна на играч без титула
-

Хамилтон за ГН на Монако: Знаете како одат овие трки, ќе биде многу тешко да се престигне
-

Пукање на фестивал во САД, најмалку 12 ранети
