Мицкоски: Утре и задутре ситуацијата со пожарите ќе се стави под контрола
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Охрид, во врска со пожарите во земјава, изјави дека следните два дена ситуацијата ќе биде целосно под контрола и во моментов помош е пристигната од Турција, а се чека и од Србија, Црна Гора и Словенија.
„За разлика од „како до сега“ кога користеле алтернативни методи на повикување дожд и слично за да се справат со пожарите, претходната влада, сега оваа влада веднаш по доаѓањето видовте двајцата министри се упатија одма на лице место заедно со директорот на ЦУК, Ангелов да работат на смирување на огнената стихија. Веднаш побаравме и дел од таа поддршка е пристигната, од Турција се пристигнати воздухоплови, два авиони и еден хеликоптер“, истакна премиерот Мицкоски.
Премиерот Мицкоски посочи дека авионите веќе работат на смирување на огнената стихија во атарот на Општина Ново Село, а хеликоптерот сега се упатува во неготинскиот крај на планината Серта.
„Бидејќи станува збор за непристапни региони во моментов друга поддршка освен воздухоплови не е потребна. Очекуваме помош и поддршка од Србија, Црна Гора, Словенија и цениме дека следните два дена ова ќе биде ставено под контрола. Да бидат спокојни граѓаните, ја контролираме целосно ситуацијата, денеска имаме засилување со воздухоплови кои ќе можат посебно во Ново Село да црпат ресурси, вода од Дојранско езеро. Имаме план во текот на утрешниот ден и задутре работата ќе биде целосно под контрола“, изјави Мицкоски.
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот