Мицкоски: Уставни измени во овој пратенички состав нема да има
Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има, изјави денеска во Охрид, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во коментар во однос на најавата на Владата за формирање на работни групи за подготовка на текстот на амандманите на Уставот.
- Уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во овие околности нема да има. Тоа што го прави власта е процес кој што на крајот ќе се удри во ѕид, односно ќе заврши неуспешно. Предупредивме дека за тоа што го превземаат како обврска од името на сите нас, не само што немаат кредибилитет, туку и не можат физички да го поминат. Тогаш се сеќавате правеа некакви реминисценции и потсетувања од времето на Преспа, но ги предупредивме дека е друго време дека ова не е времето кога можеа да се договараат со одредени уценети политички поранешни структури кои што за жал функционирале во ВМРО-ДПМНЕ. Такви нема сега повеќе, изјави Мицкоски.
Тој истакна дека од власта доаѓале најави дека процесот на уставни измени ќе започне во септември-октомври 2022, а кога тоа не се случи потоа како темин најавувале кон крајот на годината во декември, па потоа во февруари, а сега го префрлаат тежиштето на мај-јуни.
- Тоа нема да се случи ниту во мај, ниту во јуни, затоа што ние имаме принципиелен став од самиот почеток. Создадоа проблем кој што не можат да го решат, создадоа проблем кој што сите ние го имаме и ако продолжат дополнително да го комплицираат ќе се треснат сите во една мртва улица, но за жал тоа ќе биде еден огромен проблем за сите граѓани и за Македонија како држава. Но, јас еве ви ветувам дека за сето ова што го прават ќе има и одговорност, веднаш откако новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе одговорноста во владата, изјави Мицкоски.
Мицкоски денеска го посети Охрид, каде заедно со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков извршија увид на градежни активности на улицата „Ѓорче Петров“.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“