Мицкоски: Србите се дел од културниот, јазичниот и општествениот мозаик на нашата земја
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска упати честитка до граѓаните припадници на српската етничка заедница по повод празникот Свети Сава.
– Дозволете ми во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија припадници на српската етничка заедница да им го честитам празникот Свети Сава. Големиот светител има дадено огромен и непроценлив придонес за културата на Србите, а неговото дело за ширењето на писменоста и христијанството оставил траен белег, се вели во честитката.
Србите во земјава, додава Мицкоски, се дел од културниот, јазичниот и општествениот мозаик на нашата земја, кои придонесувале и придонесуваат кон изградбата на заедничката иднина.
– Духовните мостови помеѓу народите најдобро се симболизираат преку взаемната почит и соработка, а одбележувањето на ваквите празници овозможува продолжување на традицијата на заедничка доверба и негување на културни особености и обичаи. Македонија е горда на својата вековна историја на соживот и разбирање и тоа е нашиот темел за иднината. Само обединети можеме да ги надминуваме сите предизвици. Само сплотени можеме да ги решаваме сите проблеми кои не тиштат, без разлика на нашата верска и етничка припадност. Само заедно можеме да направиме подобра денешница и уште подобро утре. Ви посакувам празничните мигови да ги поминете во радост, благосостојба и добро здравје. Нека е честит празникот Свети Сава!, наведува Мицкоски во честитката.
Ново на Сител
-
УХМР: Следува период на претежно стабилно време
-
МОН: Испораката на учебниците завршува деновиве, електронскиот дневник функционира без проблеми
-
Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници
-
Неготинскиот градоначалник пријавил заканувачки пораки
-
Сообраќајка помеѓу четири возила на патот Скопје - Велес
-
Меџити нема информации дали бил прислушуван од АНБ
-
10-годишно дете нападнато од двајца соученици, едниот од нив снимал со телефон
-
Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила