Мицкоски следната недела ќе ги пополнува местата на Алијанса
Кој ќе седне на местото наТаравари во здравство, дали ќе има размена на ресори меѓу владините партнери, но и дали владејачкото мнозинство ќе остане на постојните пратенички места без петмината на Алијанса или пак, некој од нив сепак ќе остане во јатото на власта заедно со нови пратеници од Европскито фронт на ДУИ ќе се знае дури наредната недела. Премиерот Мицкоски не откри детали за тоа какви му се плановите за владиниот кабиент по заминувањето на Алијанса, иако не е загрижен за стабиланоста на Владата.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат и со што е уценет Таравари имајќи пред вид дека тој дошол на власт со ветувањето дека ќе го ипрати ДУИ во опозиција.
Без грижи во владината коалиција се и албанските партнери Вреди. Касами вели засега нема нови разговори за размена на ресори, па по таа логика вели дека здрваство останува кај нив. Меџити пак, најавува дека наскоро ќе биде предложен и нов закон за правична застапеност, што беше наведено од Таравари како критика на Владата.
Од Алијанса пак, коментираат дека напуштањето на владејачката коалиција покажувало колку малку се корумпирани.
„Алијансата за Албанците будно ги следеше ‘тврдењата’ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател. Во овие тешки денови на оваа Влада во неволја, во целосно отсуство на политички аргументи, очекувано е да има клевети од најапсурден вид. Смирено сме фокусирани на нашата работа кон октомвриската победа и не сакаме со никакви навреди или псевдообвинувања да ја оптоваруваме ВМРО која во моментов има доволно маки“, соопшти АА на Таравари.
И додека Таравари е прилично сигурен дека сите функцинери што беа под него ќе му останат верни и во опозиција, вицепремиерот за добро владеење Фетаи вели дека не донел конечна одлука на чија страна ќе биде.
Од ДУИ не го кријат задоволството што Таравари предизвикал превирања во Владата. Се надеваат на соработка.
И од СДСМ го користата моментот за да обвинат дека Владата се распаѓала.
По еден месец тактизирања Таравари пред два дена донесе одлука да ја напушти власта и да земине во опозиција, барајки поддршка дури и од ДУИ за локалните избори.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар