Мицкоски се сретна со претставници на ИРИ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Oвен Паун, директор на Меѓународниот Републикански Институт за Македонија и претставници од ИРИ.
На средбата се дискутираше за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија како и за можните форми на соработка и потенцијалите кои постојат.
Мицкоски ја истакна бесперспективноста и разочарувањето на граѓаните од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и на Специјалното јавно обвинителство во истите. Тој посочи дека законот за Јавно обвинителство е од големо значење, но тоа мора да биде врз принципиелни основи во согласност со уставот. Во спротивно, се ризикува новото Јавно обвинителство да биде продолжена ррака на власта, а утре кога таа власт ќе замине во опозиција, истото да биде средство за одбрана од сторениот криминал од врхушката на власт.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во изминатите две години македонскиот граѓанин е осиромашен и не се продуцира додадена вредност во економијата.
Соговорниците беа согласни дека одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ мора да продолжи и истата треба дополнително да се продлабочи.
Ново на Сител
-
Нетанјаху: Масакрот врз Ерменците во 1915-1917 е геноцид
-
Пожар во градинка во Белград, евакуирани децата
-
Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени
-
Одложувањето на носењето на законот за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени
-
РФМ: Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Ракометен регионален турнир
-
Пет војни за кои експертите велат дека би можеле да избувнат во следните пет години
-
Почнува Европското првенство во кошарка 2025
-
СВР - Велес со детали за убиството во Кавадарци