Мицкоски: Се надевам дека случајот со заканите кон мене упатени на социјалните мрежи ќе биде решен во рамките на системот

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека институциите, во согласност со своите надлежности, презеле соодветни мерки во врска со случајот против 39-годишен маж, кој преку социјалните мрежи го навредувал и му се заканувал дека ќе го заколе, и оти во рамките на правосудниот систем тој случај ќе биде решен.
- Јас во текот на вчерашниот ден дознав за овие закани што се напишани на социјалните медиуми од ова лице дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад. Тоа лице упати пцости кон мене и моето семејство. Јас сум сепак институција, кога не би бил ова, знам како се решаваат тие работи, но претпоставувам дека институциите ги преземале мерките во согласност со своите надлежности и оти преку МВР тоа лице е обезбедено. Се надевам дека понатаму правосудниот систем ќе постапи и ќе го спроведе онаму каде што му е местото - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на ГП Табановце.
Утрово имаше информација дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези поради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот во пораки преку социјалните мрежи го навредувал и му се заканувал на претседателот на Владата.
- Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал - насилство, лихварство и поголем број прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор - беше наведено во соопштението од Обвинителството.
Притоа, потенцираа од таму, во согласност со обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност, која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува.
МИА
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
