Мицкоски: Само ако го слават како македонски херој Делчев, тогаш немам против заедничкото одбележување
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски вели дека нема ништо против заедничкото чествување со Република Бугарија на великанот на Македонската револуционерна борба и идеологот на македонската независност, ако се слави големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев.
Мицкоски ова го истакна по повод одбележувањето од 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев запрашан од новинарите за коментар давајќи изјава за медиумите, после положувањето на свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата Свети Спас во Скопје.
„Ако се слави 150 годишнината од раѓањето на големиот Македонец и македонски син Гоце Делчев, немам против“, рече Мицкоски.
Тој, понатаму додаде дека за него, Гоце Делчев преставува Македонија, а не оние кои што денеска ја водат државата и што уживаат во привилегиите, а кои не беа со македонскиот народ кога најмногу му требаа.
„Македонија, за мене претставува Македонија. Тоа што овие денеска што чествуваа и што имаат привилегирана положба, а не беа со народот, не се. Тоа е за мене Гоце Делчев“, додаде Мицкоски.
Ново на Сител
-

Победа на животот над смртта, православните христијани го слават Велигден
-

Велигден ги исполни верските храмови во Охрид
-

Велигден во Пјаченца: Стотици Македонци се обединија во молитва и заедништво
-

Државниот врв го честиташе Велигден - воскресението Христово да биде поттик за уште поголемо разбирање
-

Велигден во Скопје во мирна и семејна атмосфера
-

Преглед на вестите од светот
-

Иран: Ормутскиот теснец е под наша контрола, бродовите мора да плаќаат такса
-

Прилепската болница за прв пат доби апарат за оптичка кохерентна томографија
