Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат

Последните статистички податоци за бројот на туристи коишто покажуваат раст, според премиерот Христијан Мицкоски се индикатор дека има можности за силен трет квартал.
- Тоа е за мене исклучително поволен податок затоа што во јули вкупниот број на доаѓања и ноќевања е зголемен. Имаме 6,6 проценти поголем број доаѓања во јули со јули минатата година. Тоа е втор идикатор, по индустриското производство, што вели дека имаме можности да имаме силен трет квартал во растот на БДП, истакна Мицкоски по пуштањето во употреба на новата когенеративна постројка на „Теса енерџи“ во општина Чаир.
Ваквите податоци, вели Мицкоски, се индикатори дека покажуваат дека политиките што ги водиме даваат резултати.
- Она што за мене е поважно е дека во првите седум месеци од годината имаме некаде околу 740 илјади туристи, а до крајот на годината очекуваме да натфрлиме милион што ќе претставува апсолутен рекорд. Имаме и околу милион и седумсто ноќевања, а очекувам до крајот на годината да натфрлиме три милиони. Ако натфрлиме милион и три милиони, сме ја постигнале целта, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

СДСМ: Власта ја пушти Михаилова да замине во Бугарија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја среди медицинската документација на Михаилова?
-

Бегството на Михаилова не е поради здравствени причини
-

Утврдени цени, но без откуп, дел од лозарите ги копачат лозјата
-

Преглед на вестите од светот
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
