Мицкоски: Претседателските избори се шанса за отворање на вратата на предвремени парламентарни избори
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со граѓаните на општина Богданци.
Пред присутните Мицкоски истакна дека од многуте средби кои што изминатиот период од граѓаните слушнал само разочарување од актуелната состојба во која што се наоѓа Република Македонија, односно како што рече тој во овие две години од владата на Зоран Заев и СДСМ немало ниту една суштинска реформа и исполнување на ветеното, туку само предавство и распродажба на националните и државните интереси.
Буквално секаде без разлика дали станува збор за градови, дали станува збор за села, дали станува збор за помали или поголеми населени места имав можност да разговарам со илјадници, илјадници наши сограѓани. Илјадници, илјадници наши сограѓани ни ја пренесоа нивната емоција, нивниот сентамент, ја прераскажаа реалноста а реалноста е лоша. Луѓето се многу разочарани од сите оние неисполнети ветувања, сите оние нереализирани очекувања. Практично луѓето сфатија дека си имаат работа со измамници и тие измамници единствената работа која што ја направија изминатите речиси две години е едно огромно големо предавство. Нема ниту една структурна реформа, нема услови за подобра живот, не ја подобрија економијата, напротив се оди во долна линија. Единственото нешто што го направија е она огромно предавство со кое што тргуваа и ги предадоа и државните и националните интереси. Тоа е реалноста во Република Македонија, кажа Мицкоски.
Во обраќањето Мицкоски посочи дека овие избори не се само претседателски избори, туку се избори каде што се одлучува за иднината на Македонија.
Затоа ајде да победи Македонија, ајде заеднички да ја донесеме правдата, нагласи Мицкоски.
Ново на Сител
-
Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума
-
Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
-
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа
-
Еди Рама сè уште не добил честитки од косовските лидери за четвртиот премиерски мандат
-
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
-
Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
-
За секој освоен глас на парламентарните избори, политичките партии во Албанија ќе добијат по 94 лека
-
Во Брисел утре претставување на кандидатите за наградата „Сахаров“, студентите кои ги предводат протестите во Србија се едни од предложените