-->
-->
Мицкоски: Поскапување на струјата ќе има зошто владата ги краде граѓаните
-->
„Поскапувањето на струјата ќе биде зашто крадат. Не работат, туку крадат. Е затоа ќе има поскапување на струјата. И затоа реков дека тие капитулираа пред енергетската криза. Често ми го поставуваат тоа прашање, добро што требаше да направат. Многу едноставно, требаше да ги подготват акумулациите, да има доволно вода во акумулациите и плански да ги трошат. Требаше да ги подготват ископите во рудниците за да има откриен доволно јаглен пет години однапред. Или пак потенцијал за да се открие јаглен пет години однапред. Требаше да продолжат со модернизацијата, требаше да направат ремонт на производните постројки. И така подготвени тие производни постројки ќе произведуваа еве не мора како што сме правеле некогаш 6 ипол или 6.600, 6.700 терават часови електрична енергија. Еве 5 нека произведуваат. Тоа е за 80% повеќе од тоа што го произведува ЕСМ сега или поранешно ЕЛЕМ, а тоа е некаде околу 3 терават на час.“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски од Битола во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.Мицкоски додаде дека ако власта произведеше 5 терават на час, тогаш ќе имаше два милиони мегават часови повеќе.
„ Замислете ако они произведоа 5 терават на час, тоа е два милиони мегават часови . Ако на берзите цената сега е 250 евра, тоа се половина милијарда евра плус. Половина милијарда евра повеќе за граѓаните, половина милијарда евра повеќе за компаниите, и колку толку ќе им помогне во енергетската криза и немаше од буџетот сега да трансферираме средства за да ја спасиме ликвидноста на денешно ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде ако власта размислуваше за доброто на граѓаните и произведеше доволно електрична енергија, тогаш половина милијарда евра ќе останеа во буџетот и ќе имаше пари и за капитални проекти, за повисоки плати, за реформи.
„Но, за жал некој наместо да работи, тој краде. И затоа струјата ќе поскапи. Јас говорев уште од 2018-та година дека до ова ќе дојде. Енергетиката не е купи ден, продај, и не служи за дневно политички цели. Во енергетиката се планира пет или десет година однапред“, заклучи Мицкоски.
Мицкоски укажа дека за жал власта наместо да мисли однапред во енергетиката, таа единствено ги брои багерите со регистарски таблици во еден град од југоисточна Македонија. И годината за жал наместо да трае 365 дена, таа трае 450-500 дена според доставените фактури.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
-

Двајца македонски државјани прогласени за непожелни во Албанија
-

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
