Мицкоски: Поддржувам непромена на уставот на МПЦ-ОА
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од свечениот настан за чествување на ликот и делото на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј во црквата Света Софија во Охрид упати пораки за национално обединување и силна поддршка за Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија.
Мицкоски истакна дека одлуката за канонско единство со останатите православни цркви е една од најсветлите одлуки важна за нашата црква и македонскиот идентитет и тоа најмногу е заслуга на МПЦ-ОА.
„Сакам во овој момент да ја дадам мојата целосна поддршка за нашата Света Македонска Православна Црква - Охридската Архиепископија. Нашата црква низ вековите била и остана еден од најсуштествените столбови за опстојување на народот. Секогаш таа била засолниште за сите премрежија низ која минувале луѓето низ вековите, а нашиот народ не престана да верува во Бога и да се моли на Бога“, посочи Мицкоски.
Во однос на последните случувања и исчекувањето на добивањето на Томосот за автокефалност, Мицкоски додаде дека тој лично поддржува единствено само непромена на уставот на МПЦ-ОА, под било каков предизвик и под било какви уцени, при што не смее да има промена на уставот.
„Воедно сите оние кои на некој начин сакаат да го тестираат единството во нашата Свети Климентова црква, како и да вметнуваат некакви зрна на сомнеж, нека ги погледнат преполните цркви, преполните манастири како најдобар доказ за живоста на нашата црква и нејзината сила и свесноста на верниците за предизвиците кои се случуваат. Некогаш молкот кој се случува за некои работи не е порака за согласност, туку одбивање да се влегува во плановите на оние кои го нарушуваат единството. И во поглед на актуелностите и случувањата, потенцирам во поглед на актуелностите и случувањата, јас поддржувам единствено непромена на уставот на Македонската Православна Црква – Охридска Архепикопија, под било каков предизвик и под било какви уцени, не смее да има промена на уставот на МПЦ-ОА“, истакна Мицкоски.
Истакна јасна и недвосмислена поддржка и доверба во Синодот и во мудроста на поглаварот на МПЦ-ОА дека ќе донесат одлука која ќе значи потврда и зачувување на македонскиот идентитетски предзнак во суштествувањето на нашата црква.
„И силно ја поддржувам секоја понатамошна одлука која ќе значи потврда и зачувување на македонскиот идентитетски предзнак во суштествувањето на нашата црква. Верувам во Светиот Архиерејски Синод и во мудроста на поглаварот Господин Господин Стефан“, додаде Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

ЈПС - Скопје: Ново на skopjebus.mk: надополни картичка онлајн – брзо и лесно
-

Најмалку 25 припадници на мексиканската Националната града загинаа во престрелка со наркокартелот на Ел Менчо
-

Одлуки од вонредна седница на Дисциплинска комисија на ФФМ
-

Од полноќ бензините поскапи за половина, а дизелот за еден денар
-

Кривична пријава за кражба на дрва и остварена противправна имотна корист од 2 037 700 денари
-

Европските аеродроми укажуваат на недостастоци во системот ЕЕС за влез во ЕУ
-

Чупиќ: На Вардар му требаат две победи за остварување на нашата првична цел, пласман во осминафиналето на Лига Европа
-

Мерц ги обвини руските сили за најдлабоко ниво на варварство и оцени дека Кремљ не ја добива војната во Украина
