Мицкоски побарал - Пендаровски прифатил: Утре претпладне лидерска за одложување на изборите
Утре во претпладневните часови ќе се одржи лидерска средба за одложување на изборите. Високи извори од ВМРО-ДПМНЕ за Сител потврдуваат дека претпладнево опозицискиот лидер Христијан Мицкоски остварил телефонски разговор со Претседателот Стево Пендаровски во кој го информирал за иницијативата за свикување на лидерска средба на која ќе се разговара за одложување на изборите поради епидемијата на корона вирусот.
Истите извори за Сител брифираат дека Пендаровски се согласил и најавил дека лидерската средба ќе ја закаже утре во претпладневните часови.
Опозицискиот лидер Мицкоски претпладнево својата иницијатива ја сподели и на социјалните мрежи коментирајќи дека здравјето на граѓаните е многу поважно од одржувањето на изборите.
„Во овие кризни моменти ова е ситуација кога човек одбира помеѓу личниот и интересот на државата и ова го велам од причина што сосема е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со убедлива разлика, но воедно одржувањето на избори ќе значи и изложување на илјадници граѓани, поточно над еден милион луѓе под директен ризик за нивното здравје и ширење на корона вирусот.
Јас во овие моменти го одбирам, без трошка колебање интересот на државата и граѓаните, и затоа денес ќе побарам свикување на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски со точка на дневен ред разговор одлагање на превдремените парламентарни избори со цел заштита на здравјето на граѓаните. Потребно е одговорно однесување, кон граѓаните и државата. Нема ниту една разумна, и ниту една човечка, рационална, и прагматична причина тие да не се одложат, бидејќи за мене, а верувам и на останатите, борба за власт по цена на животите на граѓаните е неприфатливо.“ - напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
И Претседателот Пендаровски веќе излезе со став дека треба да се размислува за одложување на изборите а таква порака вчера стигна и од Државната изборна комисија.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем