Мицкоски по повод Денот на албанската азбука: Успехот е наш заеднички проект, секој граѓанин има еднакво место, вредност и можност

Успехот е наш заеднички проект. Само ако сме обидените во почит, доверба и одговорност ќе можеме да постигнеме резултати, што ќе ја движат татковината напред, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, обраќајќи се на свечената седница на Владата по повод Денот на албанската азбука „22 Ноември“.
Премиерот го честита на Денот на албанската азбука, кој, како што рече, носи силна историска и културна симболика.
На Конгресот од 1908 година, посочи, албанската интелигенција го направила крупниот чекор кон создавање на унифицирана азбука, темел на јазилната и културна кохезија на Албанците. Тоа беше чин со длабоко европско значење, чин на модернизација образование и отвореност. Во периодот кога Балканот минуваше низ тешки прдизвици Битолскиот конгрес покажа дека силата на едно општество произлегува од знаењето, јазикот и вербата во иднината.
- Овој ден е важен и за нашата држава. Македонија е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна. Албанската заедница со својата култура јазик, традиција и вредности е суштински дел од нашата држава. Денес кога го одбележуваме Денот на албанската азбука, оддаваме признание на генерации кои се бореле за образование, писменост и културен развој, но и на сите кои денес го продолжуваат тој пат, рече Мицкоски.
Нашата заедничка татковина, посочи, се темели на идејата дека секој граѓанин има еднакво место, вредност и можност.
- Токму затоа, Владата останува посветена на политики кои градат меѓуетничка доверба, создаваат простор за достоинствен развој на јазиците и културите и ја зајакнуваат кохезјата, меѓу сите наши граѓани. Имаме амбиција и сакаме да градиме општество во кое младите Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, и сите други, ќе ја гледаат својата иднина тука во слна и равзоена таковина. Општество во кое секој е јазик е мост а не граница, сила а не поделба, богатство а не предизвик, истакна премиерот.
Во оваа насока, посочи, Владата активно работи на проекти кои создаваат подобар живот за сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност. Посветени сме на унапредување на инфраструктурата и можности во секоја општина, на модернизацоја на училишта, поддршка на културни институции и отворање нови можности за младите.
- Нашата цел е секој граѓанин во секој дел од државата да го почувствува напредокот и да знае дека државата стои зад него. Ова не е само политичка обврска, туку морална должност кон идните генерации, рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Девет лица фатени како пијани управуваат пловни објекти на Охридското Езеро
-

Зеленски повика на „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, откако Русија изврши нови напади врз Киев
-

Уапсен 16-годишник од Тетово, крадел по цркви и џамии
-

Еуролинк осигурување со стратешка докапитализација од 5,85 милиони евра - капиталот надминува 20,5 милиони евра
-

СП 2026: Норвешка со два гола на Халанд го урна Бразил и обезбеди четвртфинале
-

СП 2026: Англија избори четвртфинале со триумфот над Мексико
-

Најмалку девет жртви во руски напад врз Киев
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација
