Мицкоски: Оваа влада има намера по принципот на талибанците да ја тушира историјата
Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски денеска при посета на спортскиот комплекс во Бутел на новинарско прашање дали за опозицијата е прифатливо евентуалниот договор со Бугарија да влезе во преговарачката рамка, одговори дека владата наскоро ќе се смени и се што ќе потпишат доколку го негира постоењето на македонската историја нема да се почитува.
-Опозицијата не знае каков договор преговара оваа влада, инаку од тоа што го слушнавме и порано од Брисел е дека билатералните преговори не можат да бидат дел од преговарачка рамка. Така што, секоја авантура на оваа влада и она кое што планира да го потпише, треба да е свесна дека набргу ќе има промена во владата и тоа што таа ќе го стави хартија, доколку предизвика да бидат повредени чувствата на мнозинската заедница во Македонија, на македонскиот народ, на македонските граѓани, доколку го негира постоењето на посебната македонска историја, традиција, обичаи споредено со традицијата и обичаите кај нашиот источен сосед, доколку не ја одразува различноста на македонскиот народ од бугарскиот народ, автентичната борба на македонскиот народ за своја сопствена држава, идната влада нити има намера да го почитува, нити има намера да биде дел од учебниците со кои што децата ќе учат искривена историја, историја со која што оваа влада, по принципот на талибанците, има намера да ја тушира, рече Мицкоски
Ново на Сител
-
И Грците не планираат, но не исклучуваат средба Мицотакис - Мицкоски на НАТО самитот во Вашингтон
-
Струмичанецот каснат од пајак “Црна вдовица” закрепнува на Токсикологија
-
Кумановец едвај се спаси, со часови тонел во жива кал крај Пчиња
-
За некористените и скапи акцелератори, Таравари ќе побара помош и од обвинителство
-
Преглед на вестите од светот
-
Мотоциклист загина при судар со автобус на патот Охрид-Ресен
-
Меџити: Гаши и Мицкоски со различна агенда се во Вашингтон
-
Богатото македонско културно наследство честа мета на крадците