Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучувањето за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните
Владата го усвои предлогот за разрешување на републичкиот обвинител Љупчо Коцевски. Постапката за смена на Коцевски продолжува пред Советот на јавни обвинители кои во рок 15 дена треба да дадат мислење. Последниот збор дали ќе биде разрешен го имаат пратениците за што е потребна согласнот од 61 пратеник.
Од Владата попладнево потврдија дека предлогот е усвоен но текстот со причините поради кои се бара негова смена официјално не е објавен. Премиерот Мицкоски очекува дека Советот на ЈО ќе го слушне гласот граѓаните при носење на одлуката.
Според неофицијални информации Владата бара Коцевски да биде разрешен бидејќи направил крупни професионални греши при раководењето со ОЈО кои довеле до нарушување на ефикасноста и функционалноста на ЈО.
Дополнително неовластено изнесувал информации и податоци за судски предмети со што ја повредил обврската за заштита на тајноста на постапката утврдена со закон. Коцевски според предлогот на Владата, го нарушил и угледот на ЈО и неговиот личен во целина, не постапувајќи согласно обврските предвидени во Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.
Во Собранието паралелно тече процедурата за интерпелација и на петте членови на судски совет. Тие веќе се прознесоа и испратија свој одговор до спикерот на парламентот дека не чувствуваат морална и професионална одговорност.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар