Мицкоски: Никогаш нема да го политизирам случајот во Кочани, ќе се постапува за секој што е одговорен
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека случајот со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ нема да го политизира, туку како што рече како Влада ќе сторат се што е во нивна моќ за семејствата на настраданите и за Општина Кочани. Тој најави дека наскоро ќе го објават и проектот кој е планиран за градот и на кој се работи заедно со ЕУ.
-Јас никогаш нема да го политизирам овој случај и како Влада ќе сториме се што е во наша моќ тоа да го направиме. И работам на еден таков проект, заедно со канцеларијата на Европската унија. Се надевам дека многу скоро до крајот на месецот ќе го објавиме - големината на овој проект и што ќе опфаќа овој проект за Кочани. Така што болката кај сите нас, а посебно кај родителите на загинатите луѓе од таа ужасна несреќа и на оние повредените ќе трае цел живот. Тоа не е сентимент, којшто се губи преку ноќ. Но ние како Влада имаме обврска и одговорност кон сите граѓани да се бориме за правдата и, правда како што гледате за разлика од принципот до сега, веќе има, изјави Мицкоски.
Премиерот Мицкоски на новинарско прашање за притворот на реалениот сопственик на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, Александар Нацев додаде дека Обвинителството постапува согласно истрагата и тоа што бара Обвинителството од Министерството за внатрешни работи, МВР го испорачува и по ова прашање никој не треба да има дилема.
- Тоа што ќе каже, и секој оној којшто е одговорен согласно Јавното обвинителство – Министерството за внатрешни работи ќе постапи така. Така што, да ги оставиме да ја водат истрагата. Е сега жалам што одредени некрофили во политичките партии се обидуваат преку овој случај да добијат некои политички поени. Мислам дека тоа им се враќа како бумеранг во глава и дека тоа не им е успешна мисија, рече премиерот Мицкоски, кој денеска одговараше на новинарско.
Ново на Сител
-
Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква
-
Полициски час во делови на Лос Анџелес: Градот прогласи вонредна состојба
-
Руски дронови го погодија Харков – двајца загинати, 37 повредени
-
Вучиќ во Украина: Прва посета од избувнувањето на војната
-
САД и Кина постигнаа начелна согласност за трговската рамка
-
Седници на две собраниски комисии
-
„Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на Обвинителството