Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на Обвинителството
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува денеска во Основен Кривичен суд Скопје со завршен збор на обвинителството. На изминатото рочиште обвинителката Жаклина Трајковска повеќе од четири часа ги презентираше доказите изведени во текот на процесот според кои обвинителството смета дека се докажа вината за кривичните дела што им се ставаат на товар. По завршните зборови на обвинителството, завршен збор треба да даде и одбраната за случајот.
Меѓу доказите од постапката кои обвинителката Трајковска ги образложи во завршниот збор на минатото рочиште, таа посочи дека од камерите на Сејф сити неспорно произлегло дека обвинетите се движеле заедно на критичните денови за да ги извршат кривичните дела.
Како што истакна тогаш, насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото. Таа посочи дека ваквите злосторства заслужуваат „не само правна, туку и длабока морална осуда“ и сподели дека мотивирани од ветени високи парични суми обвинетите создале „филмско сценарио, морбиден план“.
– Со изведените докази обвинителството докажа дека обвинетите го сториле кривичните дела што им се ставаат на товар, нагласи Трајковска.
Поточно, дека обвинетите Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев извршиле две убиства и две грабнувања, додека, Александар Ѓорчевски едно кривично дело грабнување.
Обвинителката посочи дека осудените не покажале ни најмал знак на човечност при грабнувањето на Вања, иако, како што рече, имаат сопствени деца.
– По убиството на Панче, никој од обвинетите не реагирал со човечко чувство, рече таа.
Обвинителството на минатото рочиште го прецизираше обвинителниот акт во делот на времето во однос на убиствата на Вања и Панче.
Во завршниот збор, обвинителката ги образложи во детали случувањата за кои стануваше збор и во доказната постапка, а во кои се опишани грабнувањата и убиствата на Вања и Панче.
Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.
Обвинетите на почетокот од судењето изјавија дека не се чувствуваат виновни, а првообвинетиот Палевски низ процесот тврдеше дека ова е политички монтиран процес.
Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.
Ново на Сител
-
Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија
-
Иран, по резолуцијата на МААЕ, најави изградба на нова постројка за збогатување на ураниум
-
Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија
-
Телефонската линија 192 за пријавување во полиција е во прекин поради технички проблем, во функција е бројот 112
-
Усвоени неколку закони на 53. седница на Собранието
-
Нападнат малолетник во Марино, настанот снимен со мобилен
-
Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ