Мицкоски: Неодговорно е што Заев спрема национално предавство, jавно повикувам да каже за што преговарал
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика премиерот Зоран Заев јавно да објави што содржи документот што се преговара со специјалниот пратнеик во Софија, Владо Бучковски. За овој документ вчера Мицкоски објави преку Фејсбук, а неговите наводи експресно беа демантирани од Владата.
Според Мицкоски, неодговорно е да се врши национално предавство и да се преговара за историјата и јазикот.
-Зоран Заев денес вели дека е неодговорно што сум објавил статус во кој споделувам информации од дипломатски кругови, а кои се однесуваат на преговорите кои ги води двоецот Заев-Бучковски со официјална Софија за потпишување на уште едно предавство на македонскиот народ, идентитетот и македонскиот јазик. Да, сметам дека е одговорно да се борам за националните интереси, секогаш и секаде. Но, потполно е неодговорно да вршиш национално предавство и да преговараш за историјата, јазикот и нашата посебност, рушејќи ги сите можни преговарачки позиции. Сето она што Заев го зборуваше во интервјуто на БГНЕС е тоа што сега многу лесно се дозволува да биде предмет на договорот кој се преговара, вели Мицкоски.
Според него, двоецот Заев-Бучковски е најголемата опасност за македонските црвени линии.
-Сето ова се случува додека дневниот криминал продолжува, а сиромаштијата се зголемува. И на крај, повикувам јавно Заев да каже што содржи документот кој се преговара од двоецот Заев-Бучковски и зошто тој се крие од јавноста? Доста е! Се работи за Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор
-
Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство
-
Кривична за директорка на училиште, самата се назначувала за ментор на приправници и се стекнала со 303.360 денари
-
21 годишна скопјанка била физички нападната од својата сосетка
-
Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
-
Откопан гробот на Зоки Фаци | ФОТО
-
Притвор за 28-годишник осомничен за демнење на градоначалникот на Неготино