Мицкоски: Нема да толерираме дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека нема да толерираат дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто, како што рече, преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите.
-И последните состаноци коишто ги имавме на оваа тема со експерти се во таа насока дека главен драјвер, главен поттикнувач на сето ова претставуваат услугите и анализиравме во проценти во одредени сектори тие се зголемени за повеќе од 20 проценти. Тука ние како Влада не можеме премногу, немаме голем маневарски простор за да интервенираме. Но, секако со ваквиот начин на однесување каков што е еве да речеме, пред почетокот на учебната година ограничување на маржите, а како репер да бидат цените од 1 јуни за училиштен прибор, опрема и друг тип на помагала коишто им се потребни на учениците, но и да го олеснат, би рекол, во поднослива состојба биде семејниот буџет, ние тоа ќе го правиме. И тоа го правиме. Верувајте дека анализата покажа дека ад хок ограничување на маржи се прелева во месеците кои што следат. Сега тука има една дилема ако воспоставиме еден континуитет цела година, тогаш дали имаме пазарна економија? Дали имаме пазарна економија и дали маме општество коешто се темели на пазарната и слободна економија? Но, тоа не значи дека ќе толерираме дивеење од страна на одредени ланци на супер маркети, коишто преку скриен маркетинг се обидуваат да ги изиграат законите, рече Мицкоски по презентацијата на новите 29 лесни оклопни возила – JLTV во Касарната „Јане Сандански“ – Штип во одговор на новинарско прашање.
Премиерот најави дека Комисијата за заштита на конкурентноста многу скоро ќе излезат на терен и ќе следат санкции за скриените „маркетинг услуги“.
-И за ова многу сериозно се занимава Комисијата за заштита на конкурентноста. Многу скоро ќе излеземе на терен, веќе ја зајакнавме кадровски, се примија нови луѓе. Ќе се излезе на терен и овие скриени „маркетинг услуги“ кои дел од снабдувачите, производителите и трговците ги поставуваат во синџирите супер маркети за на подобро место да стои неговиот производ ќе биде жестоко, верувајте жестоко санкционирани. Тоа е едниот начин, рече тој.
Мицкоски потенцира дека вториот начин е обидот да интервенираат во делот на услугите.
-И тука исто така во рамките на можностите. Ние не можеме да ги ограничиме рестораните, кафулињата итн. или транспортните компании која е цената која што тие ќе ја постават за таа услуга. Ќе повторам се додека може таа услуга некој да ја плати, тие за жал, ќе ја качуваат, и тоа ќе влијае негативно во конечната инфлација. Така што и тука ќе имаме исто така мерки, рече тој.
Премиерот нагласи дека резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста.
-И во делот што се однесува на примањата, резонирањето и размислувањето во иднина ќе биде во делот на зголемување на продуктивноста. Поврзување на продуктивноста со зголемување на личните доходи. Да, тоа може да има за нас и политички последици, ќе има и сигурно некои што ќе бидат незадоволни, но подобро еве да ги имаме тие политички последици сега отколку граѓаните на долг рок да чувствуваат ваков тип на би рекол, неконтролирана инфлација. Иако морам да кажам дека во рамките на јули месец ние се движиме во рамките на тие 4,5 проценти инфлација како и сите држави во регионот од Унгарија, од Словенија па се до Грција. Така што, ова е еден поопфатен пристап којшто очекуваме дека на среден рок ќе даде исклучително големи резултати, рече премиерот Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
-

УХМР: Утре променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
-

Приведени шест возачи, управувале возила иако имаат мерка „забрана за управување моторно возило“
-

Мицкоски: Постигнат е договор, околу 11 000 административци ќе земат покачување на платите од скоро 40 отсто до 2028 година
-

Во угостителски објект во Скопје на подрачјето на Центар се точел алкохол на малолетници, приведено едно лице
-

10 возачи управувале возила без возачка дозвола, ќе им бидат поднесени кривични пријави
-

Зеленски ја потпиша одлуката за нови санкции против рускиот воено-индустриски комплекс
