Македонија
2. July 2025 - 16:47

Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени

Премиерот нема дополнителен коментар по она што го кажа на вчерашната прес конференција со еврокомесарката Марта Кос. 

Владата фокусот го става на враќање на изгубените позиции и обид на светот да му ја покаже реалната слика за проблемот кој Македонија го има со Бугарија

Дека Уставните измени не се единствената желба на Бугарија денеска констатираше и шефот на дипломатијата. Според него, срамен е обидот на официјална Софија во 21 век да прави напори за редефинирање и модернизација на македонскиот идентитет.

„Очекувавме еврокомесарката Кос да го истакне она што ЕУ самата го има потврдено во сите документи и сите договори, а тоа е дека македонскиот јазик и идентитет се целосно признати од Унијата“, се вели во соопштението на СДСМ

„Ова е неспорен факт, ние како граѓани на Македонија знаеме кои сме, што сме и од каде потекнуваме. Како јазикот, така и идентитетот се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ. Не сметаме дека еврокомесарката имаша лоша намера, но апелираме да кога се говори за чуствителни прашања и теми кои за жал непотребно се отвораат иако се јасно затворени, треба да се биде внимателен во изјавите.“ – се вели во писмениот став на СДСМ

Реакцијата на СДСМ доаѓа веднаш по констатацијата на Премиерот дека опозицијата ја пропушта шансата да застане во одбрана на идентитетот.

 ДУИ се реши да ја брани Кос и да ги критикува сите кои не го прават истото.

„Владата ја пропушти шансата и на најнегативен можен начин покажа недостиг на гостопримство и нетолеранција, дури и кон најискрените пријатели на државата.

Не смееше да се дозволи изјавата на Комесарката,дека „идентитетот не е предмет на политички условувања, туку суштина на човековото достоинство и израз на неговата посебност“, да стане цел на кампања на омраза и потсмевање. Уште помалку, таа реакција да биде поттикната од извори блиски до власта“ – се вели во соопштението на ДУИ

Еврокомесарката Кос вчера констатираше дека никој не може да го загрози македонскиот идентитет во исто време кога во европскиот парламент бугарските пратеници поднесуваат амандмани со кои прават обид преку модернизација целосно да го редифинираат.