Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки
За една година со напорна работа, визија и домаќински пристап ја враќаме државата на нозе, дел по дел, институција по институција, систем по систем. Граѓаните го препознаваат новиот пристап. Знаат дека не ветуваме чуда, дека напорно работиме секој ден за да изградиме систем кој не зависи од партиски книшки, туку од правда, отчетност и еднаквост, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот „Една година резултати“ во чии рамки Царинската управа дава отчетност за сработеното во изминатата една година.
Како што истакна Мицкоски, податоците многу зборуваат.
-Наплатени се приходи од над две милијарди евра што е за 105 милиони евра повеќе од истиот период претходно. Тоа не е случајно, тоа е резултат на принципиелна работа, на раководење на институцијата без калкулации, на борба против криминал и корупција, како и на јасната политичка определба - парите да одат кај граѓаните, а не во нечии џебови. Знаеме што значат овие бројки што ги изнесе директорот на Управата - повеќе за пензии, плати, болници, патишта, школи,... Тие пари до вчера завршуваа во сивата економија, а денеска се враќаат кај народот, потенцира премиерот.
Напомена и дека до ОЈО и Обвинителството за организиран криминал се поднесени 181 кривична пријава што, рече, е 4,5 пати повеќе од годината претходно.
-Тоа е сигнал дека институциите работат, не затвораат очи и дејствуваат. Ова е доказ дека државата се буди, системот конечно проработува, ги градиме темелите на промените, подвлече Мицкоски.
На настанот насловен претходно резултатите од работењето ги соопшти директорот на Царинската управа Бобан Николовски, а се обрати и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза