-->
-->
Мицкоски: Не можат еден затвореник да пренесат, а не пак Македонија да ја носат во ЕУ
-->
„Ние сме кажале дека граѓаните во Македонија не се безбедни од многу причини, не само поради ова филмско бегство на затвореник. И тоа доаѓа истиот ден кога Ковачевски и Владата на ДУИ поддржана од СДСМ не убедува ќе ја однесла Македонија во ЕУ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Вевчани коментирајќи го бегството на затвореникот осуден на 21 година затвор.
Мицкоски додаде дека власта не може да пренесе затвореник до одредена точка, а не пак Македонија да ја внесат во ЕУ, потребни се предвремени парламентарни избори.
„Тие не можат еден затвореник да го пренесат од точка А до точка Б во Скопје, а не пак Македонија да ја носат во ЕУ. Така што еден општ хаос на Дивиот Запад ни се случуваат работи“, кажа тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години
-
ЗНАМ: Наскоро имиња за Центар и Куманово
-
Преглед на вестите од светот