-->
-->
Мицкоски: Нарко бандите од Арачиново ќе бидат уапсени уште првиот ден кога ќе дојдеме на власт
-->
Точно знаеме кои се криминалците од Арачиниво кои пред неколку дена нападнаа и избркаа полицајци кои си ги извршуваа работните активности и ќе оставиме на институциите да си ја завршат својата работа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од денешната акција насловена „Отворен ден на општините – Твојата идеја за промени“, каде што граѓаните предлагаат идеи за реализација на проекти кои ќе бидат вклучени во општинските буџети за следната година, одговарајќи на новинарско прашање запрашан за коментар по вчерашната констатација на Министерството за внартешни работи, дека полицајците не биле нападнати туку дека тие не си ја извршиле работната задача, по што против нив ќе бидат покренати дисциплински постапки.
Мицкоски посочи дека уште од првиот ден после промената на власта и преземањето на раководењето на институциите, вклучително и на МВР, од страна ан ВМРО-ДПМНЕ, овие лица и нарко банди кои сите ги знааат, ќе бидат изведени пред лицето на правдата и ќе одговараат.
„Ќе оставиме институциите да си ја завршат својата работа, а првиот ден кога ние ќе ги превземеме институциите ќе видите точно за кои луѓе станува збор и тие луѓе ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Еве, јас ви ветувам, држетеме за збор. Точно знаеме кој се луѓето, кои возила ги возат, како изгледаат, со што се занимаваат, каде се движат и што прават. Првиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги превземе институциите и ќе го превземе Министерството за внатрешни работи, еве ви ветувам дека тие луѓе, лично, пред вас ќе бидат изведени и пред лицето на правдата“, истакна Мицкоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ја почнува седницата за избор на новата влада предложена од Мицкоски
-
Денеска е Задушница, утре Педесетница (Духовден)
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје поради „Парадата на гордоста“
-
Неделен возен ред на јавниот превоз, ќе работат и билетарниците
-
Штајнмаер: Никогаш немало потешко и поважно време за борба за Европа
-
САД наредија затворање на руските визни центри во Вашингтон и Њујорк
-
ЕУ откри измама со ИПАРД фондовите во Албанија
-
Сончево и многу топло, до 40 степени