Мицкоски: Направен е криминал од 6,5 милиони евра - Васко Ковачевски е избеган, но ќе го обезбедиме

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја искоментира големата акција која од утринава ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
-Од информациите кои ги имам и сум запознаен од страна на МВР, станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и лица кои управуваат со други правни субјекти, за кои постои основано сомнение дека направиле криминал од околу 6,5 милиони евра. Многу докази се најдени, но тоа ќе го оставам на обвинителството, на судовите. Мора да веруваме на презумпцијата на невиност, додаде Мицкоски.
Премиерот посочи дека тоа што било пронајдено е навистина загрижувачки.
-Бевме обвинувани дека многу малку органите на прогонот превземале чекори во насока на обезбедување на лица кои се организирале или индивидуално постојат сомневање дека сториле криминал. Ние баравме трпение бидејќи мора да имаме јасна процедура и докази, но и да соработуваат двата клучни столба, а тоа се обвинителството и судството. Таму се уште постојат структури кои се повеќе лојални на претходната влада отколку на правдата. Како да гледам полека во последно време, се повеќе се приближуваат да и бидат лојални на правдата отколку на тие на кои претходно им слугувале, додаде премиерот.
Тој ги повика медиумите и јавноста будно да ги следите слуќувањата.
-Немаме намера циркуз и естрадата да правиме од овие работи. Правдата секогаш победува на крај, посочи Мицкоски.
Во однос на информациите дека осомничениот во случајот, поранешниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата, Мицкоски со потврда.
-Подолго време не е во државата. Очекувам брзо да денес да биде обезбеден пред правдата и сите да дадат одговор за овие основи на сомнение, рече премиерот.
Според првичните информации во денешната акција уапсени се голем број на физички лица, а опфатени се и неколку правни лица од повеќе градови.
МВР и ОЈО Гокк повеќе детали најавуваат во текот на денот.
Ново на Сител
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
