Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа

Најпрво да се заблагодарам денеска што имавме можност да поразговараме со Регионалната Стопанска комора овде во Прилеп, да слушнеме што се нивните приоритети и очекувања за следните локални избори кои што за неколку дена од денеска ќе се случат.
Нас Прилеп ни е еден од врвните приоритети и сакаме во Прилеп навистина да дадеме најдоброто од себе, да победиме, а потоа да покажеме дека Прилеп ги доживеа изминатите најтешки години во своето постоење четири од водење на актуелниот градоначалник и СДСМ на централна власт, а периодот кој што следи се најдобрите години за Прилеп и прилепчани кои што ќе го менаџираат и градот и администрацијата во градот а ќе бидат предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.
Од она кое што можев да го слушнам од бизнисмените, од овде во Прилеп навистина условите за стопанисување се тешки и покрај КОВИД пандемијата која што ги направи условите тешки, би рекол и самата локална администрација и централната влада тие услови ги направи да бидат уште потешки.
Се борат за секое едно работно место, овие луѓе јас тоа го повторувам често пати се навистина јунаци да обезбедат работа за вработените, да обезбедат пристоен личен доход и континуирано да работата на подобрување на условите за работа и условите за живеење на вработените во овие претпријатија. Така што еве на крај мојата порака е, дека од овие најтешки и најлоши четири години за Прилеп и прилепчани, следуваат најдобрите четири години кои што ќе биде градоначалник на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, вистински економски, инфраструктурен и урбанистички бум на Прилеп и на прилепчани.
Тоа е она кое што ние го очекуваме, тоа е она кое што ќе го испорачаме пред прилепчани, а после тоа после тој четири годишен мандат останува на нив да одлучат дали ќе дадат и втор или трет мандат итн.
Така што немојте да се разочарувате најдоброто допрва доаѓа.
Христијан Мицкоски
Ново на Сител
-

Бензините и екстра-лесното поскапуваат за 0,5 денари, цената на дизелот останува иста
-

Претстои нестабилно време со пороен дожд и засилен ветер, преодно стабилизирање од петок
-

Трагедија кај Кочани: Млад мотоциклист загина во сообраќајна несреќа
-

Авганистанец силувал 11 годишно девојче во училиште за посебни потребни во Кобленц
-

Средба Мицкоски - Пленковиќ во Охрид, ќе бидат потпишани договори за стратешка соработка
-

Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници
-

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЦУК и УХМР
-

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ
