Мицкоски на средба со Скот Хeјзлет: Власта е корумпирана и не спроведува реформи, потребни се избори
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Роберт Скот Хeјзлет, виш директор на Националниот демократски институт за меѓународни прашања (НДИ) во земјава, на која се разговарало за актуелната политичка и економска состојба, како и стратешките цели на државата.
- Мицкоски го информираше Скот Хејзет за високиот степен на корупција и криминал и злоупотреба на институциите од страна на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски, истакнувајќи дека состојбата во државата се влошува бидејќи власта не спроведува никакви реформи, а сето тоа дополнително придонесува за уназадување и осиромашување на граѓаните. Воедно, и поради тоа истакна дека се потребни предвремени парламентарни избори кои ќе донесат промени и иднина за граѓаните, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијат посочија дека Мицкоски уште еднаш го потврдил ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека преговорите на Северна Македонија за влез во Европската Унија треба да се водат врз база на европски принципи и вредности, а не врз уцена и диктат од страна на бугарските власти.- Мицкоски се заблагодари на досегашната соработка и поддршка од страна НДИ, а соговорниците заклучија дека постои можност за нејзино понатамошно унапредување, додадоа од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција