Мицкоски на промоција на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините

Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините ќе биде промовиран денеска на настан во Скопје на кој се очекува присуство на сите градоначалници, информира Министерството за локална самоуправа (МЛС).
Воведни обраќања на настанот ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, претставникот на УНДП во државава Армен Григоријан и амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер.
На седница на Владата во август годинава, на предлог на Министерство за локална самоуправа, беше усвоена Информација за отпочнување на активности за воспоставување на Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините.
Центарот е конципиран како институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во државава, преку обезбедување специјализирани услуги во областа на административниот менаџмент, планирањето на локалниот/регионалниот стратешки развој, подготовка на техничка документација и капитално планирање, финансиското планирање и управување, техничка експертиза, јакнење на меѓуопштинската соработка, подготовка на проектни апликации и искористување средства од меѓународни фондови.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешен претседател на ДКСК
-

Неделава конечно ќе се објават имињата што ќе го заменат Меџити во Владата
-

Реформи во судството
-

Аца Лукас обвинува за политичко приведување: Ако било нерегуларно требаше да не дозволат да се случи настапот
-

АХВ спречи увоз на над 20 тони небезбеден помфрит од Холандија - рокот на употреба му поминал пред 6 месеци
-

Граѓаните ги чекаат парите од Мој ДДВ, од власта најавија дека ќе ги добијат до крајот на месецот
-

Ресен се справува со штетите од поплавите
-

Со новите авиолинии до пораст на туристите
