Мицкоски: Мој личен став е дека локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар

Премиерот Христијан Мицкоски останува на ставот дека локацијата на ГОБ „8 Септември“ е најдобра за нов клинички центар. Тој денеска изјави дека по изборите се посветени на неколку други инфраструктурни проекти од здравството.
- Она коешто сега го работиме откако завршија изборите е да ја продолжиме најпрвин постапката за изградба на Клиничката болница во Штип, Медицинскиот факултет и Студентскиот дом, потоа болницата во Кичево со проширена дејност и реконструкцијата на Клиничката болница во Тетово. Мислам дека тој процес откако ќе почне, тогаш може да се посветиме на овој за којшто зборуваме сега. Сепак тој периметар, мислам дека е најсоодветен, бидејќи има пристап до гас и исклучително добра сообраќајна инфраструктура и мислам како целина може сериозно да се разгледува со лесна надградба да дојдеме до она коешто го посакуваме како држава и пациентите коишто ќе го добијат како квалитет. Не се откажуваме. Не е ова во консултација со експерти, ова е лично мој став, рече Мицкоски.
Во однос на финансиската конструкција, рече дека треба да се види колку ќе се интервенира во надградба, модернизација, број на кревети...
- Ајде да дојдеме до таа фаза, па ќе споделуваме повеќе информации со јавноста, рече Мицкоски.
Изградбата на нов Клинички центар е предизборно ветување на неколку влади досега.
МИА
Ново на Сител
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
