Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕСМ за 25 часа се оштетени за близу 10 милиони денари
Како се пљачка Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ, денешно ЕСМ!
ЕСМ/ЕЛЕМ распишува оглас за продажба на ноќни вишоци на струја за периодот од 1 до 5 август, од 2 до 7 часот во вкупна количина од 1250 MWh.
Цената по која овие ноќни вишоци се продадени е 245,37/MWh!
За истиот тој период цената на струјата на HUPX (референтна берза при утврдување на цената на струјата во Македонија) е 372,21 €/MWh или по денови:
1 август 359,81 €/MWh
2 август 388,95 €/MWh
3 август 363,474 €/MWh
4 август 377,758 €/MWh
5 август 371,058 €/MWh
Разликата во цена е:
1250 MWh x (372,21-245,37)€ = 158.550€
Заклучок: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 25 часа се оштетени за близу 10.000.000 денари и наместо вишоците да бидат понудени на стопанството кое плаќа според HUPX струја и грчевито се бори да опстане и да ги задржи работниците, парите се крадат и завршуваат во приватни џебови, напиша претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во објава на Фејсбук.
Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП