Мицкоски: Летувајте во Македонија, на планина или езеро

Доаѓа летото и многумина од семејствата со право си ги поставуваат дилемите каде би го поминале својот годишен одмор или пак можеби продолжен викенд за релаксација со најблиските. Секој има право на заслужен одмор. Тоа е нешто кое секое семејство го заслужува.
Но тоа носи и извесни дилеми, ако се знае дека поминуваме низ тежок период на економска и здравствена криза. И оправдано со тоа и грижите за зачувување на здравјето но и обезбедување на финансиски средства истиот да се подмири.
Кризата не учи да бидеме рационални и да помагаме на другите. Секој од вас може да помогне. Се прашувате како? Летувајте во Македонија, на планина или езеро. А Македонија со својата природа и своето културно и природно богатство има што да понуди.
Убеден сум дека покрај тоа што ќе ја истражите и ќе уживате во Македонија, така помагате и на стопанството, придонесувате луѓето да си ги задржат своите работни места, а едно сочувано работно место е заедничка победа, а победите пак се повеќе среќа, подобра заедничка иднина.
Затоа летувајте во Македонија, на планина или езеро. Уживајте во нашата Македонија и помогнете.
Ново на Сител
-

Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
-

Хакерска група тврди дека пробила во сајтот на ФБИ и украла податоци за вработените
-

Блесин нов тренер на Борусија Менхенгладбах
-

Медиуми: Артета и Арсенал договорија продолжување на соработката
-

ЦУК: Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор
-

Илјадници полицајци распоредени околу седиштето на ОН за време на Генералното собрание во Њујорк
-

Седници на три собраниски комисии
-

Администрацијата на Трамп планира да го ограничи бројот на бегалци примени во САД во 2027 година на 17.500
