Мицкоски ќе учествува на лидерската средба за името по Велигден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека премиерот Зоран Заев и неговата партија се однесуваат егзибиционистички кон спорот со името со Грција, но потврди дека ќе учествува на лидерската средба во врска со ова прашање по Велигден.
- Ќе имаме лидерска средба после Велигден и претпоставувам дека на таа средба ќе не информираат како течат преговорите. Но, она што повторно го прави егзибиционистички целиот процес е оној документ кој што Коѕијас го донесе во Македонија на 20 страни. Потоа СДСМ така брзоплето им врати документ на пет страни и тоа го разбрав од медиумите, кажа Мицкоски.
Мицкоски изјави дека смета дека обвинението кое го поднесе Јавно обвинителството за настаните од 27-ми април во Собранието е премногу конфузно и нејасно.
- Излезе Јавниот обвинител и го образложи обвинението. Но она што загрижува во целиот тој процес, а бевме сведоци на вашата телевизија на емисијата „Код“ каде што беше цитирана изјавата на тогашниот министер за внатрешни работи Нухиу, каде што тој, иако има златна команда ништо не презема. Второ, има индиции дека во истиот тој момент додека траат случувањата во Собранието имаме групирање на терористичка вооружена група во општина Чаир и во неколку други места во Република Македонија, рече Мицкоски.
Зошто, праша тој, изјавата на Нухиу не е дел од обвинението и зошто Јавниот обвинител посериозно не се заинтересирал да ја истражи. Дополнително загрижува, според Мицкоски, што МВР не покренало истрага за тоа кои се вооружените лица кои се групирале за време на овие настани и зошто Нухиу не ги преземал потребните процедури за да се спречи тоа
Ново на Сител
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
-

Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
